-На стартот на викндов во Битола на Зимска приказна публиката уживаше во хитовите кои ги испеја за нив и за сите гости, Влатко Лозаноски и Бојана Скендеровски и на групата “Sound Waves“ кај Офицерски, а случувања имаше и во Старата чаршија и “Bliss Mall“, како и во празничниот автобус.
Почетокот на викендот во Битола го одбележа настапот на две музички ѕвезди од Македонија, Бојана Скендеровски и Влатко Лозановски – Лозано кои настапија на платото пред Офицерски дом во Битола. Тие на радост на голем број на посетители на Зимската приказна одлично се претставија пред публиката која со аплауз и заедничко пеење на хитовите им возвратија.
-Иако е многу ладно вечерва во Битола очекувам многи убава и топла енергија, како и секогаш кога да дојдам во Битола, каде публиката ме пречекала со широко отворено срце. Ќе имаме оодлична енергија, како и секогаш година кога доаѓам тука кај вас. Сакам вечерва на неколку дена пред Нова година на битолчани да им се заблагодарам што ме канат да доаѓам да пеам за вас, и ви посакувам да сте живи и здрави во новата 2026 година, ни рече Бојан пред почетокот на концертот.
-Супер, одлично си поминав по ладното време во Битола, а и вечерва, како е секогаш кога сум во Битола се беше врвно и сите бевме позитивни и распеани. Битола е еден од најмузикалните градови во Македонија. Сум настапувал во Битола и на многу по студено време отколку вечерва, ни со оглед што сум учел средни училипте во Битола сум навикнат на ладно битолско време и на -30 степени. На битолчани сакам да им порачам што повеќе да се здрави и весели, да имаат денови во 2026 година исполнети со љубов и да се гледаме само за убаво, рече вечерва Лозано во Битола.
Денес во Битола на 7. вечер на Зимската приказна имаше новогодишна караоке соба “MIILO“ и предновогодишен стенд-ап со Александар Г.Во старата битолсла чаршија настапија групите “За мерак“, “Преродба“, “Хераклеја бенд“ и оркестар “Маестрал“. Во “Bliss Mall“ имаше зимски младински разговори против булинг, “Евергрин идила“ на Сара Петровска, “Oneness Duo“ ќе пеат поп & рок хитови. Во центар за кулура се одржи новогодишен концерт на Павле Камилоски, а битолчани се возеа и во “Празничен автобус – T-Zone“.
За утре, сабота, 27 декември, на 8. ден на Зимската приказна се закажани голем број на настани. Во Офицерски дом ќе гледаме празнична штафета на “Сумнал“, креативна работилница на “3Г Миндс“, детски претстави, музика и танц и мода, СИ-ДО и разговорен концерт за деца (Г. Стојановска – пијано).
Вечерната програма ќе започне во новогодишна караоке соба, а ќе следуваат настапи на квартет “Пелагонија“, “Брас Брадерс“, “Битолски тамбураши“, Викторија Коцева, Бојан Стојков & Димитар Андоновски.
Во старата чаршија ќе настапат групите “Кабадаја, “Еуфорија бенд“, “Битолски чалгии“ и оркестар “Фаворити“, а ќе има и работилница на Дедо Мраз на ЗУР Македонски ракотворби Презентација на ромска носија.
Ќе има настани во Старски дом „Сју Рајдер“, во спортска сала “Боро Чурлевски“ кај хотел “Молика“ на Пелистер, во “Bliss Mall“ и во празничен автобус.
Текст и фото: Дамијана Ристевска






