Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, темпертурата до 6 степени

Денес, сабота, 27 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 6 степени.

Утре, недела, 28 декември, во Битола, времето ќе биде утрото ведро и студено, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 8 степени.