-Како и секогаш, во декември, така и во 2015 година, на свечен начин, битолските адвокати го прославија шеснаесетти декември, Денот на адвокатурата и адвокатите на Битола, а тоа е денот кога адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација, која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Адвокатската заедница на Битола одлучи да го продолжи континуитетот на таа организација, којапред се има за цел да презема активности за заштита на адвокатурата и за застапување на интересите на адвокатите, како и да го сочува угледот на адвокатската професија.
-Адвокатите во денешно време се соочуваат со поголеми проблеми, поголема конкуренција, поголем број адвокати. Адвокатите имаат и други проблеми, но младите мора да се единсвени и да се борат за своите адвокатски права, ќе каже тогаш во 2015 година, адвокатот м-р Јосиф Ивановски.
-Адвокатурата е битна алка во правосудниот систем. Адвокатите заслужуваат големо признание во државата, во однос на борбата за остварување на правата на граѓаните, беше речено од Адвокатската комора на Република Македонија.
На прославата во Битола гостуваше и делегација од збратимената Адвокатска комора од Крагуевац.
Адвокатите од Битола и во иднина ќе се залагаат во својата работа да постапуваат во согласност со највисоките етички принципи, се со цел да се популаризира адвокатурата и адвокатите, кои секогаш застануваат во заштита на граѓаните во случај на повреда на нивните права и слободи и во заштита на нивните правни интереси, кажаа тогаш.

Деновиве пред 10 години: адвокатите го прославија денот на адвокатурата и адвокатите на Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





