По полноќ 50 учесници од Битола и од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија беа дел од настанот “Први На Први“, кои својата планинарската акција која стартуваше од Инфоцентар за искачување на врв Пелистер.
-Станува збор за искусни планинари, добро познати имиња на пошироката јавност во Битола, Македонија и во регионот. Имавме ведро небо, ниски температури, полна месечина и прекрасни погледи на со снег прекриената Баба планина во текот на искачувањето. Поради ниските температури од – 28°C и ветерот од околу 50km/h искачувањето се одвиваше во многу отежнати услови. И покрај тоа што станува збор за искусни планинари, беше потребно да се вложи многу повеќе сила за да се совладаат алпските климатски услови кои ги имаше ова утро на Пелистер, вели Иванчо Тошевски организатор.
На првото изгрејсонце во 2026 беа одлична можност за Дарио Петровски на врвот Пелистер на 2.601 мнв да ја запроси неговата сакана Мишела Панајотова. Дарио и Мишела живеат и работат во Германија, и за празниците се вратија назад во Македонија, за да учествуваат на “Први На Први“.
“Први На Први“ оваа година е во организација на Олимпус Монс со поддршка на општина Битола како дел од “Зимската приказна“, а настанот се организира по 5. пат.
Целта на планинарската акција е да се дочека првото изгрејсонце во Новата година од еден од најубавите природни видиковци на Балканот.

“Први На Први“ – на Пелистер после полноќ се искачија 50 планинари, “падна“ и запросување (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





