-Пред 10 години, во Битола на Коледе, на почетокот на 2016 година, на градскиот плоштад “Гоце Делчев“, тогаш по дождливо време, во организација на локалната самоуправа беше запален, тогаш, традиционалниот, коледарски оган, како што налага традицијата, симболот на божјата светлина, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Како и во изминатите години, така и во таа 2016 година на плоштадот, покрај голениот коледарски оган, кој беше запален со спуштање на голема огнена топка, од покривот на Домот на културата во Битола.
На оваа традиција во Битола имаше голем број битолчани, кои го прославија големиот христијански празник Коледе, а за сите нив кои присуствуваа на коледарскиот оган, локалната самоуправа подготви храна и пијалоци, како и забавна програма.
-Сега нема палење на голем оган на плоштад, поради екологостите и свештениците, а мали малски огнови се палат за Коледе насекаде низ градот, додава Миновски. 

Деновиве пред 10 години: со огнена топка запален коледарскиот оган на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





