Дефанзивецот, Горан Ганчев, е првото зимско засилување на фудбалскиот клуб Пелистер, во овој преоден рок, соопшија од фудбалкиот клуб Пелистер.
Горан Ганчев е добро познат на битолската фудбалска јавност по добрите игри во дресот на Пелистер, пред неколку години.
Ганчев последните години настапуваше во Индонезија.
Претходно Пелистер го договори и голманот Филип Трајчевски од Струга Трим Љум, а во тек се разговорите со Андреј Петковски од Плачковица.






