Press "Enter" to skip to content

Борче Даскаловски тренер на КК Пелистер: победа утре и во секој друг натпревар во Битола и на гостување (фото)

Кошаркарите на Пелистер утре во Битола го започнуваат пролетниот дел, максимално подготвени и со истите амбиции да бидат во врвот на македонската кошарка, а во таа насока максимално работеа во овој подготвителен период. Тренерот Борче Даскаловски работи во добра атмосфера, а за тоа како помина есенскиот дел на почетокот на нашиот разговор вели:-Есенскиот дел за мене представуваше беше еден тест, првенствено за целокупната организација на Пелистер, бидејќи излагуњето на евросцената е голем предизвик за секој клуб па и за нашиот. Ги имавме сите потребни работи и ќе кажам дека оптимално функционирање на евросцената, колку што ни дозволуваше играчкиот состав, што го имавме и квантумот на играчи. Би рекол дека со една победа и пет порази не може да бидеме задоволни, меѓутоа во некои реални околности е оправдано бидејќи се направи една историска победа, што е добар патоказ за иднина како треба да се одвиваат работите.За домашното првенство, за тоа како го оценува настапот на Пелистер против македонскит екипи Даскаловски додаде:

-Кога зборуваме за домашното првенство можам да кажам дека реално сите три порази што ги имавме се непланирани, меѓутоа се беше тука на “една топка“ со жал можам да речам дека со тие три порази го “плативме данок“ од играњето во Фиба Европа бидејќи со овој квантум кој го имавме на играчи не можеме на два фронта. Едноставно тоа го направи своето да имаме и доста потешкотии, особено ако се сеќавате во еден период имавме по четири натпревари во една недела. Тоа е навистина беше еден пеколен ритам затоа што се створи еден кумулативен замор, со оглед на долгите патувањата, немањето време за рекупетација. Четири порази на “една топка“ за жал беа во голема мера и резултат на тоа.Пелистер во зимската пауза ослободи двајца кошаркарки Сиџеј и Прајс, а го донесе Џенкинс, за што Даскаловски вели:

-Не сакам да зборувам за оние кои си заминаа, а ќе кажам нешто за новиот кошаркар  Џенкинс. Тој што е играч кој што има класа, нешто ни недостасуваше. Стабилност, верувам ќе донесе на бековските позиции, посебно во моментите кога имаме проблем со креацијата и нападот и со неговата егзекуција. Џенкинс е играч кој што има одлични квалитети и му треба малце време да се врати во одлична форма, бидејќи во последниот негов клуб во Либан немаше одиграно официјални натпревари. Верувам дека ќе биде значаен дел од тимот по она што го работи во последните денови, што е многу, многу важно. Има огромен потенцијал и само треба малце повеќе трпење, дали ќе има нов играчи во Пелистер, тренерот додава:-Ние размислуваме за центар и го бараме уште од септември, ако добро се сеќавате вие, правевме многу разговори за тоа веке од месец август. Никогаш не сум бил човек што се жали, меѓутоа неопходно е да имаме една “петка“, која што многу, верувајте ми, во оваа екипа многу ќе се смени и самата физиономија и потенцијалот кој што го има, пред се дефанзивно. За офанзивно нема да има проблем, меѓутоа ни треба таа “петка“, повеќе од потребно.Утре не очекува и првиот пролетен натпревар против Работнички, за што Даскаловски вели:

-Верувам дека го подигнуваме нашето ниво на игра. Имаме квалитет, затоа верувам дека ќе го покажеме сјајот во овој момент, кога ќе биде најпотребно, а цврсто верувам во тоа. Верувам во победа утре и во секој друг натпревар во домашното првенство, што ќе биде во втор дел од сезоната.За амбициит на клубот во оваа сезона Даскаловски вели:

-Што е тука е, јас сум во оној момент до дека сметам и управата, и сите раководни структури на клубот да го дадам својот максимум на секој тренинг и надвор од него, навистина ми е драг и клубот, и градот, и сите луѓе во и околу клубот. Искрено верувам дека може да се постигне добар резултат. Дефинитивно, пак ќе кажам има многу фактори, многу чинители, за жал много нешта не зависат директно от нас, но да, ќе се потрудиме да стигнеме до нашата цел. Јас никогаш не сум избегал од битката, така нема запирање, да можеме да донесеме пехар во Битола.

Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »