Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец не застанал со возилото, поминал врз стапалото на полицаецот и избегал, приведување по потерница

На 24.01.2026 во 23.00 часот во СВР Битола било пријавено дека  на  раскрсницата од  ул. „Тошо Даскало“ и ул. “Партизанска“ во Битола полициски службеници од СВР Битола при обид да застанат патничко возило “форд“ со битолски регистарски ознаки управувано од лице од Битола, истиот не застанал и со возилото поминал врз стапалото на полицискиот службеник при што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на настанот. 

На 24.01.2026  во 16.30 часот  на ул. „4-ти Ноември” во Битола,  полициските службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 26 годишник од Битола. Имено, истиот се барал по распишана потерница за доиздржување на затворска казна во траење од 7 години и 10 месеци при што истиот бил спроведен во Казнено поправната установа Затвор Прилеп.