-Ведро и студено, но осветлено и топло со планински чај. Има снег, но не доволно за скијање, а во наредните денови се очекуваат врнежи од снег, вака директорот на ЕСМ “Молика“ – Битола – Горан Исков го пречека на осветлената патека за скијање, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски.
Коњановски пак го информираше директорот на ЕСМ Молика, дека Општина Битола е пред реализација на пречистителната станица која со години се одолговлекувала.
-Има ревизија на основниот проект и продолжуваме во насока да ја изградиме под вашиот хотел, која ќе ги собира и прочистува сите отпадни води, рече Коњановски. Кажа и дека патот кој води дотука, во претходниот мандат делницата е направена до Трново, се продолжува на потегот Трново-Магарево и до влезот на Националниот парк “Пелистер“.
Исков искажа голема благодарност до локалната самоуправа која што ги водеше низ процесите за вадење дозволи за изградба на планинарскиот дом “Копанки“ и за останатите проекти кои се од витално значење за развој на туризмот во потпелистерието.

Ски-патеката “Копанки“ осветлена, ќе започне изградба на пречистителната станица, ќе продолжи реконструкција на патот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





