Press "Enter" to skip to content

Пелистер тргна триумфално во 2026 година, по голема борба славејќи над Работнички во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 88:85

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола триумфално ја стартуваа новата календарска година откако на домашен терен славеа над Работнички со резултат 88:85.

Гостите изненадија со добра игра и покрај сериозната криза во која се наоѓа клубот, но Пелистер покажа квалитет и искуство, го издржа притисокот во самата завршница и заслужено стигна до победата.

Дуелот почна со неефикасна игра, во која подобро се снајдоа гостите од Скопје кои по четири минути игра водеа со 5:7, нешто подоцна и со 5:10. Вилсон погоди значајна тројка, по него прецизен од далечина беше и Брејси Дејвис, па “пелистерци“ набрзина го свртеа резултатот во своја полза. Битолчани имаа најубедливи 23:17 во првата четвртина, но овој период сепак заврши со 23:20 по тројката на Стојановски.Втората четвртина ја отворивме со пет поени во низа на Андреј Митревски, а кога во ритам влезе и Малешевиќ предноста скокна на девет поени (39:30). Следеше неочекуван камбек на гостите, кои за само неколку минути поведоа со 41:42, по што Пелистер едвај замина на одмор со позитива (47:44) по тројката на Лука Стојановски и цепелинот на Вилсон.Третиот период почна со тројка на Ефремовски за израмнување на 47:47, но Пелистер одговори со четири поени во низа на Брејси Дејвис. „Зелено-белите“ имаа контрола над резултатот (60:55 преку Стајиќ), но не успеваше целосно да се одлепи и да создаде посериозна разлика. Дуелот беше во егал до 62:62, по што Пелистер подобро ја финишира четвртината и во последните десет минути влезе со водство од 71:65.Последната четвртина почна со серија грешки и промашени шутеви на двете страни, по што тренерот Даскаловски побара тајмаут на шест минути до крајот, при предност на Пелистер од 76:70.

Следеше забивање на Брејси Дејвис за 78:70, но веднаш потоа и нова мини-серија на гостите и намалување на 80:79, за Даскаловски да биде приморан да земе нов тајмаут  на минута и пол до крајот, при само еден поен предност за Пелистер (84:83).Малешевиќ постигна клучна тројка, на спротивната страна техничка грешка за „флопинг“ доби Ефремовски, по што битолчани рутински го приведоа мечот до крај, славејќи со конечни 88:85 со поените на Робев, откако претходно домашните кошаркари промашија три слободни фрлања во последните петнаесетина секунди.Брејси Дејвис со 25 поени и 9 скокови беше клучна фигура во таборот на Пелистер, 21 имаше Малешевиќ, Андреј Митревски реализираше 15 поени, додека Стајиќ имаше 12 поени и пет украдени топки.

Фото: Дамјана Ристевска – Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »