Екипи на јавното комунално претријатие “Комуналец“ од Битола денес во координација со другите јавни претпријатија извршија чистење на диви депонии во близина на старите гробишта, кои се наоѓаат покрај обиколниот пат кај Светонеделските гробишта.
Ваква акција не е за прв пат, а секогаш за брзо време исчистениот простор повторно се претвора во дива депонија. Ваквата состојба не е само на оваа локација, туку секаде каде редовно се чисти за брзо се враќа во стара состојба, полно ѓубре, шут и друг отпад.






