Денеска во Битола, во спомен куќата на Гоце Делчев се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, прeтседателот на Советот, Бојан Бојкоски, советници, Сојуз на борци, како и претставници на политичките партии и други граѓани, денес по повод одбележувањето на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на великанот на македонската национална борба.
-Делото на Гоце Делчев е дело кое заслужува вечна почит, но истовремено не обврзува и не насочува кон она што мора да бидат нашите чекори во денешнината со кои ќе ги почитуваме и негуваме нашите јазик, култура, писмо и традиција, продолжувајќи со работа и посветеност за иднината на Македонија, посочи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за време на денешното чествување.

Во Битола дбележани 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ od неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





