Press "Enter" to skip to content

Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски од Битола – нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва одржа седница, на која беа избани нови членови на Извршниот комитет на партијата. По седницата претседателот на партијата Христијан Мицкоски, го соопшти новиот состав на Извршниот комитет.

Нов член Извршниот комитет на Партијата, од Битола, е универзитетскиот професор д-р Филип Поповски.

Проф. д-р Филип Поповски е дипломиран графички инженер, магистер и доктор на технички науки, редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Во својата академска кариера, тој ги има поминато сите степени на кариерен развој – од асистент, преку доцент и вонреден професор, до редовен професор. Поповски претставува еден од значајните современи научни авторитети во Македонија.

Поповски беше носител на советничката листа за Битола на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на последните локални избори, и е актуелен советни во Советот на Општина Битола.