На 07.02.2026 во 01:55 часот на ул.„Солунска“ во Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода е лишен Д.Ј. ( 21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.63 промили алкохол во крвта. Тој е отстранет од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе следува пријава за кривично дело ,,безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.
На 06.02.2026 во 06:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- с.Маково, патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К. (58) од Битола, излетало од коловозот. По несреќата, С.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 06.02.2026 во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.






