Press "Enter" to skip to content

15 сантиметри снег во Битола, се чистат улиците, фрлени 100 тони сол и ризла

Снегот кој интензивно врне околу 12 часа во Битола има направено снежна покровка од 15 сантиметри, а температурата на воздухот изнесувача утрово -2 степени целзиусови.

Во текот на ноќта и утрово екипи на ЈКП „Нискоградба”ги чистат улиците според приоритетната, а директорот на ЈКП „Нискоградба”, Методи Силјановски вели дека имаат фрлено 100 тони сол и ризла по улиците на подрачјето од надлежност на тамошната локална самоуправа.

-Чистењето на снегот се врши од ноќеска, а вклучена е целата наша механизација како и механизација на фирми подизведувачи со кои соработуваме. Се чистат улиците од прв и втор приоритет, се чисти во урбаниот и руралниот дел на општината, посочи Силјановски.