Press "Enter" to skip to content

Ангела Ристевска од Битола со пласман на FIS Rail Event и Националното првенство во сноуборд

FIS Rail Event и Националното првенство во сноуборд одржани на Пелистер во организација на Фристајл Клуб 047. Натпреварите беа дел од официјалниот календар на Меѓународната скијачка федерација (FIS) и се реализираа на специјално подготвени елементи за оваа дисциплина каде натпреварувачите демонстрираа технички трикови, стил и високо спортско ниво.

Од домашните натпрерувачи, Слободан Саздовски и Ангела Ристевска се пласираа на подиум. Во детската категорија најголемо внимание привлече Алексеј Крстевски, кој одлично парираше со повозрасните натпреварувачи.Организаторите упатуваат благодарност до ски федерација на Македонија, хотел “Молика“, ски центар Копанки, национален парк “Пелистер“ и Маунтин Солушнс Пелистер…

Фристајл клуб 047 продолжува со својата мисија за развој на ски и сноуборд сцената во Македонија, промоција на младите таленти и позиционирање на земјата на меѓународната фристајл мапа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »