Еурофарм Пелистер – Прилеп 30:28 (14:14)
Попладнево во Битола екипата на Еурофарм Пелистер обезбеди учество завршницата “Ф4“ од ракометниот Куп на Македонија. Шампионот ја победи екипата на Прилеп, во финалето од четвртфиналниот турнир, со резултат 30:28, полувреме 14:14.
Прилепчани го искористија неиграњето на неколку стандардни ракометари на Пелистер, капитенот Кузмановски, како и Манасков, Хаидарирад, Павле Атанасијевиќ и Граховац, и тоа што “пелистерци“ играа три натпревари во три дена, и се изборија за нерешено на пауза (14:14).
На стартот од вториот “пелистерци“ имаа серија од 4:0 и дојдоа до 25:21. Еурофарм Пелистер искусно го сочува водството и на крај славеше со 30:28.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Анџеј Видомски со седум и Петар Атанасијевиќ со шест гола.






