Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад на полицаец, приведување за дрога, повреда на работно место, сообраќајка, возење без возачка дозвола…

На 11.03.2026 во 22:30 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиja од слобода 23 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2026 во 00:30 часот на ул. „Трескавец” во Битола,  полициски службеници од СВР Битола лишиja од слобода  45 годишник од село Будаково, општина Могила и 33 годишник од Битола, затоа што при преглед кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот ќе следуваат соодветни  поднесоци.

На 11.03.2026 во 13:30 часот во СВР Битола e пријавено дека во круг на поранешна фабрика во Битола, 30 годишник од Битола, додека извршувал работни задачи и качувајќи се по скала на бандера, скалата се скршила, а тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. За настанот е известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа.

На 11.03.2026 во 13:41 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул. „Херцеговачка “ во Битола,  при извршување градежни работи била пронајдена експлозивна направа.  Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подгигнал направата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 122мм, која потекнувала од Првата светска војна.

На 11.03.2026 во 12:41 часот на ул. „Довлеџик“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода 40 годишник од с.Лавци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна приајва.

На 11.03.2026 во 12:39 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул. „Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 18 годишник од село Добромири, општина Новаци и патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 57 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд“, на возраст од 53 години од Дебар, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 11.03.2026 во 12:20 часот во СВР Битола e пријавено дека во станбена зграда на ул.„Кланица” во Битола  настанал пожар во оџак, при што настанало оштетување во дел од становите во зградата. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од  СВР Битола.

На 11.03.2026 во 06:57 часот на ул. „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 21 годишник од битолско. При контрола во сообраќајот,  полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, затоа што го управувал возилото со брзина поголема од дозволената. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.