Press "Enter" to skip to content

Завршена реконструкцијата на водоводната линија во “Мал Париз“

ЈКП „Водовод“ Битола соопшти дека успешно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија на улицата „Даме Груев“ (крак 1, 2 и 3) во населбата “Мал Париз“ во Битола.

Во рамки на зафатот, старата мрежа е заменета со нова полиетиленска линија во должина од 634 метри, а изведени се и 68 нови приклучоци за домаќинствата.

Со оваа  нова водоводна линија жителите во овој реон ќе имаат поголема сигурност во водоснабдувањето и зголемена ефикасност на системот, а ќе се намалат загубите на вода и елиминирање на честите дефекти.

-Инвестициите во градската инфраструктура продолжуваат според предвидената динамика и во наредниот период, велат од “Водовод“.

More from ВестиMore posts in Вести »