-Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот
Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15:46 часот. Во исто време на јужната полутопка ќе настапи есента. Сонцето денеска изгреа во 5:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути.
Пролетта ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни во 10:24 часот, кога календарски почнува летото.
Метеоролозите го следат порастот и падот на температурите и состојбата на атмосферата, а метеоролошките сезони се координирани со календарот, при што секое годишно време трае три месеци. Со овој метод, пролетта трае од 1 март до 31 мај.
Пролетта го симболизира будењето на природата. Дрвјата и цвеќињата се будат, деновите стануваат потопли, а животните се враќаат на активност по зимата. Во многу култури, овој период се слави преку фестивали, обичаи и симболи на обнова, раст и нова енергија.
Друга промена што доаѓа со пролетта е преминот кон летно сметање на времето. Оваа година, тоа ќе се случи во ноќта од сабота кон недела на 29 март, кога ќе ги поместиме часовниците еден час напред од 2:00 на 3:00 часот.






