Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: двајца битолчани возеле без возачка

На 26.03.2026 во 15:00 часот на патот Битола-с.Новаци, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.М. (23) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 26.03.2026 во 14:00 часот на патот за с.Братиндол, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.И. (39) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „форд” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал И.И. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »