Екипата на ракометниот клуб Еурофарм Работник денес ги започна подготовките за пролетниот дел на оваа ракометна сезона, каде ги очекуваат тешките битки во групната фаза на ЕХФ, како и борбата во плеј-офот во домашното првенство.
Екипата на Еурофарм Работник во Србија ќе престојува до 26 јануари, а според тоа какви се температурите во Битола, а посебно со спортската сала “Боро Чурлевски“, ова е добар потег да се тренира во подобри услови.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ уште по добивање на противниците во групната фаза најави дека ова ќе биде најзначајниот дел од подготовките за пролетниот дел.






