Press "Enter" to skip to content

“Електродистрибуција“ ДООЕЛ вработува ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ во Битола

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

За потребите на Кориснички Енерго Центaр во Битола во Група 2, бараме:

ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ во Битола (М/Ж)

Работни задачи:          

  • Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
  • Отчитување на податоци од броила
  • Контрола на приклучоци и мерни места
  • Замена на броила на корисници
  • Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
  • Помош при отстранување дефекти
  • Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила

Потребни компетенции:

  • IV степен електротехничко образование – Енергетика
  • Возачка дозвола,
  • Одговорност
  • Тимска работа
  • Комуникативност
  • Флексибилност
  • За предност ќе се сметаат квалификации за работа под напон, стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки и компјутерски познавања

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, аплицирајте преку приложениот линк со CV и мотивациско писмо  до 07.04.2026.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк  https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx .

 

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

More from ВестиMore posts in Вести »