КС Групација ги одбележа јубилеите на вработени кои десет години се дел од компанијата, придонесувајќи за развојот на брендовите Евротип и Голд Слот Клуб.
По повод јубилејот, беа доделени признанија за лојалност и посветеност, како дел од традицијата на компанијата за вреднување на долгогодишниот ангажман на вработените.
Меѓу наградените е Петар Трајковски од секторот за статистика и анализа, чија работа придонесува за квалитетна обработка на податоци и унапредување на деловните процеси.
Признанија добија и Клаудија Петреска од Прилеп и Сузана Котевска од Новаци – Битола, оператори во обложувалница, кои со својот професионален пристап придонесуваат за позитивно корисничко искуство и ефикасно функционирање на уплатните места.
КС Групација обединува повеќе компании од различни области, меѓу кои Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа Тетово, Голд Фелициа Битола, 77 Софт, 77 Ентертејнмент. Агро Брод и Премиум Сејфти Солушн. Токму преку нивниот развој и синергија се создаваат можности за професионален напредок, а долгогодишната посветеност на вработените претставува важен дел од стабилниот раст на групацијата.
Од КС Групација истакнуваат дека вложувањето во луѓето останува клучен приоритет и основа за понатамошен развој на компанијата.

КС Групација ја продолжува традицијата на јубилејни награди за долгогодишните вработени
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)





