Управата на фудбалскиот клуб Пелистер како и најави ги заврши преговорите со уште еден фудбалер кој ќе ги засили зелено-белите.
Се работи за Сашо Шопоски, кој е офанзивец и ќе го засили нападот.
Во изминатите шест месеци Сашо Шоповски настапуваше за прилепска Победа, а претходно го носеше дресот на Тиквеш.
До крајот на предониот рок има доста време, а сигурно тренерот на Пелистер, Дарко Крстески до претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски ќе има уште барања за донесување засилувања во клубот.






