Press "Enter" to skip to content

Бизнис академијата Смилевски во Битола ги додели дипломите на завршените студенти (фотогалерија)

БАС е институција која нуди современо, европски ориентирано образование, што е потврдено и со позитивните извештаи од надворешните евалуации, реализирани од меѓународни експерти во областа на високото образование.Денес на Бизнис академија Смилевски дипломира седумнаесеттата генерација студенти.Вкупно 108 студенти го заокружија првиот циклус на студии, додека 31 студент успешно го завршија вториот циклус, односно постдипломските студии.-Овие бројки не се само статистика, туку показател за континуитетот, развојот и посветеноста на институцијата во создавање квалитетен и применлив кадар, рекоа на свеченоста од БАС.За БАС како институција, дипломата не е само формален документ, туку признание за изградено знаење, но и за развиени лични квалитети. Знаењето и изградените лични квалитети им овозможуваат на студентите успешно да се позиционираат во професионалната средина.Веруваат дека оваа генерација нема само да бара можности, туку ќе создава нови, придонесувајќи кон развојот на општеството и современите организации.На дипломантите им порачаа:-Не чекајте шанси – создавајте ги. Не барајте сигурност – градете ја. И никогаш не дозволувајте просечноста да ви стане удобно место.На настанот беа доделени награди и благодарници на најдобрите студенти, ментори и партнерски организации.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »