Денес, вторник, 7 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, среда, 8 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 18 степени.






