На 08.04.2026 во 05:30 часот на ул. „Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 29 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 07.04.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, 53-годишна битолчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син со дрвен предмет бил нападнат од нејзиниот партнер. Се преземат мерки за расчистување на настанот.
На 07.04.2026 во 12:30 часот на ул. „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М. (25) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки” без регистарски ознаки, управувано од И.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.






