Во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“-Битола, на плоштадот “Магнолија“, се одржа културно – забавна програма по повод одбележувањето на 8-ми Април меѓународниот ден на Ромите.
Претседателот на здружението Џевдет Џеловски, на сите припадници на ромската заедница им го честиташе денешниот празник и изрази благодарност до Општината за поддршката што ја добиваат преку реализација на различни проекти.
Од име на општината пред присутните се обрати заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ.
-Денеска сме собрани да го одбележиме 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите, ден кој не потсетува на историјата, културата, традицијата, но и на борбата за еднаквост, достоинство и правда на ромската заедница ширум светот. Овој ден не е само симболичен. Тој е потсетник дека општеството во кое живееме треба да биде праведно за сите без разлика на етничка припадност, јазик или социјален статус. Ромската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, со богато културно наследство, силен дух и значаен придонес во сите сфери на животот. Но, истовремено, мора искрено да признаеме дека предизвиците сe уште постојат. Токму затоа, овој ден треба да биде и повик за акција. Нашата заедничка обврска е да создадеме услови во кои секој човек ќе има еднакви можности да успее. Да градиме општество засновано на почит, солидарност и еднаквост. Да вложуваме во образование, да поттикнуваме вклученост и да ги рушиме стереотипите кои создаваат поделби. Денес, оддаваме почит на истрајноста на ромската заедница, на нејзината култура, музика, јазик и традиција. Но уште поважно ја потврдуваме нашата заложба дека ќе продолжиме да работиме заедно за подобра иднина за сите. Нека 8-ми Април биде не само ден на одбележување, туку и ден на нашата посветеност кон еднаквоста, правдата и човечкото достоинство, рече Крстиќ.

Одбележан на 8. Април меѓународниот ден на Ромите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)





