Алкалоид – Еурофарм Пелистер 33:35 (22:16)
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер освои бодови во Автокоманда иако “се враќаше“ негатива од 8 гола, за на крај да победи со 33:35, а на полувреме имаше “-6“ (16:22). “Пелистерци“ второто полувреме го започнаа со негатива од седум гола, и не се предадоа, одиграа херојски и ја анулираа негатива, и ја претходија во победа.
Еурофарм Пелистер имаше предност на почетокот на натпреаврот се до средината на првото полувреме кога предност од 11:8 во 17 минута. Потоа следува грешки по кои домашните ги искористија, и не само што израмнија туку и поведоа со 15:14 во 24 минута. Алкалоид направија убава серија од 5:0 за 20:14 (28 минута), првото полувреме заврши со највисоката предност од 22:16.
На самиот почеток на второто полувреме во 35 минута домашните водеа со 25:18, а претходно имаа 25:17. Еурофарм Пелистер намали на 26:21 во 38 минута. Пелистер намали на 27:24. Самоил Ристевски погоди за 28:26. Од “+ 8“ во 34 минута, за десет минути Еурофарм Пелистер дојде на 28:26, а и на 28-27. Домашните зголемија на 29:27, на 13 минути до крај на средбата.
Дејан Манасков погоди за 29:29 во 50. минута од мечот. Во 53. минута Хакбарт од крило му донесе повторно водство на Еурофарм Пелистер, 31:32, потоа и за 32:34. Ненад Костески од крило намали на 33:34. Никола Митревски одбрани на спротивната страна, а потоа Атанасијевиќ погоди за потврда на победата.
Кај Еурофарм Пелистер седум гола постигна Манасков, Кузмановски постигна 6 гола, а Никола Митревски фати шест топки.
На табелата Еурофарм Пелистер има 44 бода, исто колку и Охрид кои се на делба на второто место. Вардар е лидер и има залиха од „плус 8“ од охриѓани.






