Денес, понеделник, 20 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови можност за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 20 степени.
Утре, вторник, 21 април, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 19 степени.






