Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдена стара граната

а 20.04.2026 во 23:40 часот во СВР Битола, 16-годишен малолетник со неговата мајка пријавиле дека, додека бил во патничко возило „фолксваген бора” со битолски регистарски ознаки, паркирано на ул. „Филип Втори Македонски”, на возачкото седиште влегло лице на возраст од 53 годин од Битола за да го помести возилото, при што физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.04.2026 во 10:40 часот во СВР Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола пријави дека од нива во атар на село Ивањевци, битолско, безбедно подигнал една артилериска граната 105 мм од Првата светска војна, за која на 19.04.2026 во 17:25 часот во СВР Битола било пријавено дека е пронајдена.