“Vode nas svjetla“ е најновиот видео запис соработка помеѓу “КОД 369“ и “Паркети“ две музички групи од Битола . Песната е наменета за целиот регион и објавена со пооддршка на “Кроација Рекордс“ и емитувана на нивните медиуми со премиера на “ЦМЦ“ телевизија.
Се работи за песна во инди-поп стил и раскажува приказна за претстојниот летен период во кој ќе се случуваат многу авантури, симпатии и случајни средби кои имаат потенцијал да се претворат во долготрајни другарства и љубови.
Музиката е на Сашо Паркет, текстот е на Ирена Димовска, а аранжманот е на Даниел Митревски и Сашо Паркет. Музиката е снимена во студиото “Ателје“ на Даниел Митревски, видеото е на Дејан Трајчевски – “Ендорс Продукција“, светло мајстор Никола Георгиевски, шминка Ксенија, а локацијата е Центар за култура – Битола.










