На прес конференција која се одржа во фоајето на НУ Центар за култура Битола на која беше претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола и други детали побрзани во овој интернационален фестивал на монодрама, кој ќе се одржи од 23 до 29 април.
На прес-конференцијата говореа директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски, селекторот на фестивалот Благој Мицевски, Љупка Коларова Пајевиќ и Љупка Стефановска, додека за значењето на фестивалот и улогата на жири-комисијата се обрати и актерот Кире Ѓоревски, член на жирито.
Директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски рече:
-Го задоволство го најавувам почетокот на 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола. Со популарната претстава „Менопауза“на Тијана Дапќевиќ, свечено ќе биде отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во НУ Центар за култура – Битола, додека фестивалот ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“- Драмски театар на сцената на Народен театар Битола. Годинашното издание на фестивалот ќе донесе 13 монодрамски претстави од 10 држави: Ерменија, Полска, Литванија, Грузија, Киргистан, Шпанија, Казахстан, САД, Израел и Македонија. Битолчани ќе можат да гледаат и монодрама од Египед. Оваа година воведовме и нова сцена, која е наречена “Бар сцена“ во салата на поранешната кафеана која сега е експериментална сцена. За прв пат ќе се изработи и 50 минутен документарен филм.
Селекторот на фестивалот Благој Мицевски, рече дека на конкурсот пристигнале повеќе од 60 монодрами и додаде:
-За втор пат сум селектор на овој фестивал, што ми е посебно драго, а бројот на пријавени мондрами кажува многу за традицијата на фестивалот. Избрани се 14 претстави, а ќе бидат изведени три македонски претстави, со што фестивалот продолжува да ја поддржува и афирмира домашната театарска продукција. Жирито ќе има тешка работа да ги прогласи најдобрите. Публиката ќе ги наполни салите оваа година бидејќи ќе имаат што да видат, а ќе гледаат извинредни актерски остварувања, режисерски концепти, нови видувања на познати теми, македонски автори, стари и нови пријатели…
Љупка Коларова Пајевиќ, иако во пензија, и годинава како и во изминатите 26 издание ќе биде дел од Фестивалот на мондрама.
-Пресреќна сум и горда што овој фестивал од година во година добива на квалитет и се издигнува на едно поголемо ново. Ако се навратам од 1999 година до сега има голема разлика и освен фестивалот во ова е најстар фестивал на фестивал, а сме биле поттик да се формираат нови фестивали. Фестивалот од почетокот има свој шарм и дух, а во Битола имаат учествувано голем број на познати балкански и светски актери кои играат монодрама. Првите три години немаше награди, но актерите и продуцентите побараа и ние од 4. фестивал ја доделуваме награда “Гран при“. Оваа година селектирав изложба на лауреати на фестивалот, која ќе биде отворена на отворањето на фестивалот. Некои актери се јавуваат повеќе пати на фестивалот, а тоа само го потврдува квалитетот на фестивалот, рече Љупка Коларова Пајевиќ.
Актерот од Битола Кире Ѓоревски, за прв пат е член на жирито, а претходно бил актер. Тој на пресот рече:
-Сакам прво да ги поздравам медиумите кои 27 години пишуват и го афирмираат фестивалот. Фестивалот е драгоцен камен, единствен во државата, кој се негува толку години и е збир на различни култури и е убаво да се видат претставите кои имаат различен приод кон монодрамата. Ги поканувам сите граѓани на Македонија не само да гледаат туку и нешто да научат. Овој пат како дел од жирито не знам како ќе биде, за тоа ќе кажам после фестивалот, но иако имаме огромен натрупан материјал ќе биде чест да се оценуваат монодрамите. Ќе има и работилница за пантомина за сите кои се заинтересирани која јас ќе ја одржам, но би сакал да ве поканам на сите работилници кои ќе ги одржуваат колегите.
Љупка Стефановска зборуваше за пропратната или оф-програмата за што рече:
-Покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот ќе понуди и OFF програма, која вклучува ретроспективна изложба „Лауреати на фестивалот“, уличен перформанс „Статуи“ на Широк Сокак, како и неколку тематски работилници кои ќе се одржат во Офицерски дом.
Со своето 27. издание, Интернационалниот фестивал на монодрама повторно ја позиционира Битола како значајна точка на театарската мапа, каде се среќаваат различни актерски поетики, сценски јазици и култури од целиот свет.
Текст и фото: Дамијана Ристевска










