Press "Enter" to skip to content

“Менопауза” на Тијана Дапчевиќ вечерва ќе го отвори Фестивалот на монодрамата во Битола

Со популарната претстава „Менопауза“ со актерката Тијана Дапчевиќ свечено ќе биде отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во НУ Центар за култура – Битола  додека фестивалот ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“ на сцената на Народен театар Битола. 

Годинашното издание на фестивалот ќе донесе 13 монодрамски претстави од 10 држави: Казахстан, Египет, Ерменија, Романија, Чешка, Бугарија, Полска, Италија, Грузија и Македонија.

Во рамките на програмата ќе бидат изведени три македонски претстави, со што фестивалот продолжува да ја поддржува и афирмира домашната театарска продукција.

Покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот ќе понуди и Офф-програма, која вклучува ретроспективна изложба „Лауреати на фестивалот“, уличен перформанс „Статуи“ на Широк Сокак, како и неколку тематски работилници.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »