Денес во анфитеатарот на ФИКТ Битола се одржа промоција на “Монографија 10 години ФИКТ“ – Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, со што се заокружи одбележувањето на значајниот јубилеј – една деценија постоење на најмладата единица на УКЛО која дејствува во полињата на информатичката и компјутерската техника и информатиката.
На 128 страници од Монографијата презентирани се голем број сегменти од тековното работење на ФИКТ, како и неговиот историски развој.
Монографијата пред присутните кои ги имаше во голм број, професори, студенти, вработени во ФИКС, деловни партнери, соработници… ја промовираа ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, и продеканите на ФИКТ, проф. д-р Костандина Вељановска и проф. д-р Божидар Миленковски, како и деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски.
Ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски на промоцијата рече:
-Ваков вид на монографија се пишува на средбен јубилеј 25 години или на златен јубилеј на 50 години по формирањето на некоја институција. Тоа што ФИКТ тоа го прави на 10 години од постоењето кажува дека овој наш факултет има доста да каже и многу има направено во овој изминат период и има реализирано многу пред се од студентите, вработените и зедницата. Сакам и да истакнам дека сум среќен што сум дел од овој факултет, и тоа што сум прв говорник на оваа промоција. Овие 10 години се само дел од постоењето, а ФИКТ е круна на сите активности, а тоа потврди дека ФИКТ е неминовност. Во Битола има мноштво информатички форми, а тоа во Битола дошле само поради квалитетот на студентите, професорите и сите вработени. Мене посебно ми е гордост што покрај ректорските обврски сум со студентите, кои имаат уникатна опрема на целиот Балкан и таа ќе се унапредува со отворање на нови лаборатории. Оваа монографија е само сведок на сето тоа.
Продеканката на ФИКТ, проф. д-р Костандина Вељановска на промоцијата рече:
-Оваа монографија ни значи многу на сите вработени на ФИКТ, а ова е издание на ФИКТ при УКЛО Битола. Уредувачки одбор имаше задача да ги мотивира да го напишат фактите за ФИКК, а ни сето тоа го сместивме на 128 страници, а на трисетина страници се напишани сите дипломирани студенти. Тука се наоѓаат и сите научно истражувачки трудови и мобилностите на професорите и студентите и објавените трудови во специјализирани списанија. Дадени се податоци за меѓународните конференции кои ги има организирано ФИКТ, а претставени се позначајните награди кои ги имаат д0биен поединци и ФИКТ.
Продеканот на ФИКТ проф. д-р Божидар Миленковски зборуваше за актовностите кои беа преземени со цел да одбележи јубилејот на ФИКТ и издавањето на монографијата.
-Многу активности беа интегрирани за денес да ја имаме оваа монографија. Ова е траен документ кој ќе влезе во колективната меморија на нашата институција. Мислам дека со оваа монографија го “фативме“ времето во просторот и зачувавме многу случувања и збидувања и најважно е тоа што ќе се запаметат луѓето. Ова е монографија е за сите нас, ние кое сме сега на ФИКС, тие што не се со нас на овој свет, тие што нашле нови работни ангажмани, оние кои се во нови земји низ светот, но и за оние кои доаѓаат после нас.
Деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски на сите им го честита јубилејот и им посака уште многу успешни и плодни години и многу јубилеи.
-ФИКТ е најмлада единица на УКЛО Битола и успешно ја спроведува традицијата на универзитетското образование со визија за иднината, создавајќи врвна средина каде што се негуваат креативноста, научната мисла и технолошкиот напредок. Патот не беше едноставен, се соочивме со инфрастукторни и кадровски проблеми, но, со посветена работа, визија и труд успеавме да контунуирано да се развиваме. Посебно сме годри што за овие години низ нашите анфитеатри, кабинети, лаборатории, училници поминале илјадници студенти, а најголем дел он нив, нашите дипломци, магисти и доктори се потврда на нашиот ангажман со тоа што се успешни инежери, програмери, успешни работници во Битола, во Макединија и во странство. Ние градиме партнерства со стопанството и межунродната заедница. Наша обврска останува да продолжиме уште посилно и поодговорно да го развиваме ФИКТ и да произведуваме високообразовни кадри.
Модераторот на промоцијата, секретарот на ФИКТ, д-р Илче Димовски нагласи дека факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) – Битола повеќе од десет години ја гради својата улога како врвна високообразовна установа која создава знаење, генерира иновации и подготвува компетентни професионалци кои ќе се справат со предизвиците на дигиталната ера, како дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Деканот Ристевски и секретарот Димовски на сите вработени, на Ректоратот, организациите на студентите, деловните партнери и поддржувачите им подарија монграфии за сеќавање на јубилетот и благодарност за вложеното во овие дест години ФИКТ.
За културната програма се погрижија Леонид Ризански, студент од втора година на ФИКТ и студентка Лована Здравевска, студенти од втора година.
Текст и фото: Сашо Ристевски






