Голема посетеност и одлична атмосфера го одбележаа панелот „Вистински пријатели или лајкови – биди свој, а не копија“, во организација на Идеал Контакт. Настанот ги обедини младите во искрен разговор за влијанието на социјалните мрежи, самодовербата и вистинските пријателства. 

Преку интерактивни активности и отворена дискусија, учесниците имаа можност да споделат мислења и искуства, но и да слушнат корисни совети од гостите. Особено внимание привлече активното учество на публиката, која покажа интерес за теми како што се притисокот од лајкови, автентичноста и вредноста на вистинските односи.

Модератор на дискусијата беше Марина Атанасовска – наставник по германски јазик. Гости на дискусијата беа: Марија Магдалена Микаровска, Лазе Гастаров, Анета Димановска, Ивана Новачевска и Давид Велевски меѓу кои професори, инфлуенсери и млади активисти, тие испратија силна порака: да се биде свој е најголемата вредност во време кога младите сè почесто се споредуваат со другите. Од Идеал Контакт најавуваат дека вакви настани ќе продолжат и во иднина, со цел да се поттикне свесноста и личниот развој кај младите.

Идеал Контакт, како центар за образование и деловни услуги, континуирано работи на развој на младите преку современи и креативни методи на учење. Нивниот пристап не се сведува само на класична едукација, туку вклучува едукативни видеа, театарски претстави, работилници и панел дискусии, преку кои децата и младите учат да размислуваат критички, да комуницираат и да градат самодоверба.
Центар за образование и деловни услуги училиште каде се изучуваат германскиот и англискиот јазик, но таму не се важни само јазиците туку социјализацијата на учениците како и промовирање на нивното знаење.





