Press "Enter" to skip to content

Фото вест: волонтерска акција за чистење на дворот на ФИКТ

МКЦ-Битола, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, реализираше волонтерска акција за чистење на дворот на факултетот. Во акцијата активно се вклучија студенти, професори и административниот кадар кои заеднички
покажаа дека грижата за заедничкиот простор е одговорност на сите.

-Благодарение на нивната посветеност, дворот денес е почист, побезбеден и попријатен за
секојдневно користење. Ова е уште еден доказ дека малите дела прават голема разлика!, рекоа од МКЦ Битола и ФИКТ:

More from ВестиMore posts in Вести »