Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 20 годишна девојка од Љубојно приведена за марихуана, 28 годишник возел влечно возило без возачка

На 25.04.2026 во 22:35 часот на ул. „Леринска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 20 годишна девојка од село Љубојно, ресенско со привремено живеалиште во Битола, бидејќи при преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 25.04.2026 во 09:50 часот, на крстосница од патот до границата со Р.Грција и патот Битола- Демир Хисар, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.М. (28) од с. Долно Агларци, општина Новаци. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле влечно возило “волво“ со битолски регистарски ознаки и приклучно возило полуприколка „гоша” со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. при што констатирано било дека тој го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.