Денес, понеделник, 27 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, вторник, 28 април, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 22 степени.






