Во рами на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола денес во просториите на Ректоратот се одржа свечена промоција на доктори на науки.
Во присуство на раководството на УКЛО, декани и најблиски на кандидатите за промоција, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски промовира 10 нови доктори на науки.
Ректорот Неделковски при своето обраќање зборуваше за значењето на оваа акаденска титула, потенцира дека со оваа титула не завршува нивното школување туку сега по оваа промоција започнува нивно сериозно научно ангажирање во своите области во науката.
Претходно менторите на кандидатите за доктори на наука ги претставија кандидатите и нивните ментори и темите на кои ја добија академската титула, доктор на наука.
Со најновата промоција, оваа респектабилна титула досега ја стекнаа 509 доктор на науки на УКЛО, од кои: 105 од Економски факултет – Прилеп, 70 од Технички факултет – Битола, 90 од Факултет за туризам и угостителството – Охрид, 91 од Педагошки факултет – Битола, 54 од Факултет за безбедност – Скопје, 32 од Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, 17 од Научен институт за тутун – Прилеп, 25 од Факултет за биотехнички науки – Битола, 7 од Правен факултет – Кичево, и 11 од Технолошко-технички факултет – Велес.






