Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тројца 19 годишници приведени за марихуана кај “авионите“

На 26.04.2026 во 21:00 часот на место викано „Авионите” во стара касарна  во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Ф. (19) од Прилеп и  Ф.С. (19) и Б.В. (19), двајцата од с. Трап, битолско.

При преглед на патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, во кое биле тројцата, била пронајдена марухуана.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.