Press "Enter" to skip to content

Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше работна средба со полскиот амбасадор Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Битола. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола го запозна полскиот амбасадор со личната карта на градот.

Се разговараше и за можностите за соработка, при што градоначалникот Коњановски го информираше за потенцијалите кои ги нуди градот под Пелистер. Главниот акцент беше ставен на економската соработка, а се зборуваше и за културата и уметноста.