ЈКП „Водовод“ известува дека започна со изградба на нова водоводна мрежа на новопроектираната улица 170-та (БРЛ 4), како дел од поширок план за инфраструктурно унапредување на населбата.
Од претпријатието информираат дека во наредниот период ќе започнат активности и на останатите улици од овој опфат, меѓу кои 150-та и 210-та.
Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на водоснабдувањето и целосна ревитализација на овој дел од градот.






