Press "Enter" to skip to content

Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)

-Денес во Битола со полагање цвеќе на споменикот во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник, беше оддадена почит на загинатите Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски во 2001 година кај Вејце. Денеска се навршуваат 23 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.Во знак и почит кон загинатите бранители од Битола, беше положено цвеќе на споменикот во чест на бранителите во дворот на СВР Битола, како и на споменикот “Ангел“ во паркот кај градскиот часовник.На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата во нивна чест цвеќе положија  директорот на Бирото за јавна безбедност – Александар Јанев, Сашо Мирчески – началник на СВР Битола, семејствата на загинатите, нивните соборци од 2001 година, колегите, воени старешини, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, градоначалниците на Новаци и Могила, претседателот на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски, пратеници, претставници од министерството за спорт, бранителите, претставици на полициските синдикати, делегации од политичките партии и други поединци и здруженија.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата, чии имиња засекогаш остануваат врежани во поновата македонска историја и по полагањето рече:-Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните. Со чинот на оддавање почит беше испратена порака дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена и дека споменот за нив ќе продолжи да живее како потсетник за храброста и пожртвуваноста што ја носи полициската професија. Посебна почит изразуваме и кон нивните семејства, кои ја поднесоа најтешката загуба. Нивната сила и достоинство заслужуваат трајна благодарност и почит од целото општество.Градоначалникот на Битола,  Тони Коњановски рече дека тука сме да го зачуваме споменот за овие македонски херои и да оддадеме почит и никогаш да не ги заборавиме и додаде:-Годинава се навршуваат 25 години од еден од најтешките настани во поновата македонска историја – масакрот кај селото Вејце, во кој животот го загубија осум припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица беа од Битола. Битола засекогаш ќе го чува споменот за Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, чие дело и жртва остануваат вечен потсетник за цената на слободата и мирот.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »