Денес, среда, 29 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можност за дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, четврток, 30 април, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 15 степени.






