Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)

Романската актерка Андреа Танасе која на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола ја изведе монодрамата „Ноти“ е годинашен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран при.Вечерва во салата на Народниот тестар во Битола со доделувањето на наградите и изведбата на претставата “Гидионовиот јазол“ на Драмски театар , официјално беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2026.Под слоганот “Огледало на вистината“ фестивалот и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот.Во текот на петте фестивалски дена публиката имаше можност да проследи 10 монодрамски остварувања, а меѓународното жири, составено од Керолајн Бернс Кук, Анџелина Роска и Кире Ѓоревски, со нивното искуство, визија и љубов кон театарот, да донесе објективна одлука за наградите.Гран при на фестивалот жирито и ја додели на “Ноти“ на театарот “Тони Буландра“ од Романија во изведба на Андреа Танасе која рече:-Уживав за време на престојот во Битола и пред прекрасната публика. Благодарам за пораките и за избраните зборови на стручното жири. Благодарам на моите прекрасни домаќини, тимот на НУ Центар за култура, истакна романската актерка Танасе за време на врачувањето на наградата Гран при која ја додели директорот на НУ Центар за култура, Сашо Илковски.

Инаку за претставата, меѓународното стручно жири дека “Ноти“ претставува современ театарски проект кој органиски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошка димензија при истражувањето на социјалната маска. Делото е поставено како клучен изразен инструмент, додека фрагментираната сценска структура ги пренесува внатрешните распади, приближувајќи се кон естетиката на дисоцијации и условеност. Изведбата се обликува со интензитет и суптилна нијансираност при што се пренесува длабока емоционална сложеност на ликот. Со одлука на стручното жири, за најдобар актер на фестивалот беше прогласен Јано Изорија од Грузија кој ја изведе монодрамата „Кваркваре“, наградата најдобар режисер ја доби Жива Бизовичар, режисерка на монодрамата „Џеки“ која ја изведе актерката од Драмски театар-Скопје –  Трајанка Илиева Вељиќ.Годинашен лауреат кој доби најмногу гласови од битолската публика е  Трајанка Илиева Вељиќ, а наградата ја додели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој упати благодарност до организаторите на фестивалот на монодрамата, Центарот за култура Битола.-Општина Битола секогаш ќе дава безрезервна поддршка на монодрамата. Оваа е вечер кога се прогласуваат најдобрите на фестивалот. Секое признание има посебна вредност затоа што неговото значење е поврзано со посебна приказна која одбележува едно дело, настан или придонес во создавање нешто ново или општествено добро, а во овој случај театарските пораки од фестивалот на монодрама, истакна градоначалникот Тони Коњановски на вечерашното свечено затворање на фестивалот.На свеченото затворање, директорот Сашо Илковски упати благодарност до сите учесници, институции, спонзори, публика и особено до тимот на Центарот за култура – Битола, без чија посветеност фестивалот не би бил можен.Во чест на наградените, актерките на Драмски театар Скопје, Ања Митиќ и Билјана Драгиќевиќ Пројковска, вечерва во Битола ја изведоа претставата „Гидионовиот јазол“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »