На 01.05.2026 во 19:06 часот на ул. „Буковски Мост“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.С. (35) од с.Бистрица битолско.
Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „пасат” со битолски регистарски ознаки при што констатирано било дека возачот Д.С. управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,10 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.






