Press "Enter" to skip to content

Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)

На 27 април 2026, во Измир, Турција, делегација од Инер Вил Клубот Битола присуствуваше на гала вечерата во чест на претседателката на International Inner Wheel, госпоѓа Kay Morland од Австралија. Во оваа прилика разговаравме со претседателката за нашите активности и ја поканивме да не посети.

Овој свечен настан претставуваше вистински пример за тоа како се градат мостови на пријателство и меѓусебно разбирање, независно од границите, јазиците или културите. Преку неформално дружење, разговори и размена на искуства, членките имаа можност да се запознаат подобро, да споделат идеи и да ја зајакнат заедничката мисија која не обединува.На вечерата и претходеше презентација на активностите и проектите кои ги реализираа клубовите од Македонија и Турција. Особено значаен момент беше презентацијата на проектот посветен на водата. Овој проект беше реализиран од Инер Вил Клуб Битола во соработка со клубови од Турција, Бугарија и Северен Кипар. Презентацијата на проектот предизвика голем интерес и позитивни реакции, потврдувајќи ја важноста на резултатите и актуелноста на темата.

Средбата во Измир ќе остане запаметена и по уште еден убав момент во историјата на клубовите: во знак на пријателство беше извршена и размена на знамиња помеѓу двата клуба (Инер Вил Клуб Битола и Atakent Inner Wheel Club Izmir). Размената на клубските знамиња е симболичен гест кој ја зацврстува соработката и отвора нови можности за идни заеднички активности.Ваквите средби не се само формални настани, туку жив доказ за силата на женската солидарност, поддршка и заедничко делување. Тие создаваат трајни врски и инспирираат нови иницијативи кои имаат позитивно влијание во заедниците.

Inner Wheel Club Bitola се потврдува како реномиран клуб со бројни успешни иницијативи и проекти, кои стануваат препознаени и надвор од границите на нашата држава.

More from ВестиMore posts in Вести »