Press "Enter" to skip to content

Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито

На 4 мај 1980 година во Љубљана, Словенија, почина Јосип Броз Тито, револуционер, комунист, политичар и државник. 

Маршалот Јосип Броз Тито иако почина во Клиничкиот центар во Љубљана беше погребан е во Белград, во “Куќата на цвеќето“ на улица “Ужичка“ број 15, каде сега е спомен музеј.

По тој повод денес во името на ОО на Сојузот на борци Битола, другарот Стефан Бошков и поранешниот  учесник во многи работни акции низ поранешна Југославија, акцијашот Кире Марков положија цвеќе пред неговата спомен биста која се наоѓа на Широк Сокак, во дворот каде некогаш беше сместена битолската синдикална организација.

Инаку, Тито е роден е во Кумровец, Хрватска во 1892 година, бил водач на Народно-ослободителната антифашистичка војна на Југославија (1941-1945), претседател на Федеративна Југославија, почесен член на МАНУ.

Како командант на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во летото на 1941 година го организирал создавањето на Народноослободителната војска на Југославија. Се застапил за создавање национални држави на југословенските народи, меѓу кои и за македонскиот народ, за Македонија како членка и конститутивен елемент на Југословенската Федерација.

На 7 март 1945 година формирал Привремена влада на ДФ Југославија. По прогласувањето на ФНРЈ (29 ноември 1945) бил избран за претседател на Владата на ФНРЈ. По уставните промени во 1953 година првпат бил избран за Претседател на Југославија.

Во 1961 година по негова заслуга во Белград се одржала првата Конференција на неврзаните земји, создавајќи го Движење на неврзаните земји со водечка улога на Југославија.

Во периодот од шеесеттите години, па до пред неговата смрт трипати е прогласуван за народен херој на Југославија.

Во 1974 година бил избран за претседател на СФРЈ без ограничување на мандатот. 

More from ВестиMore posts in Вести »